Премногу застапена, но непозната: Дали знаете ли што е гамофобија?
19.04.2021
Фобија е ирационален страв од одредени работи или ситуации кои всушност не се опасни. Најчести фобии се страв од висина, пајаци, затворен простор, змии и слични. Но, дали знаете што е гамофобија?
Тоа е страв од брак, поточно страв од самата обврска или врзување со некого во врска или во брак. Луѓето кои имаат гамофобија често на самото спомнување на брак чувствуваат одредена доза анксиозност. Оваа фобија може да се третира од страна на стручно лице.
Гамофобијата е сè уште неистражена и ретка фобија којашто се случува и кај жени и кај мажи. Некои луѓе имаат страв, а не ни знаат дека станува збор за гамофобија.
Како да ја препознаете?
Освен негативно размислување за брак и потребите да се побегне од самиот разговор, гамофобијата предизвикува и телесни промени како забрзана работа на срцето, препотување, болка во градите, мачнина, црвенило во лицето.
Кај некои може да биде изразена и создава големи проблеми во секојдневниот живот, во работата, учењето или приватниот живот. Некои ќе реагираат на самата помисла или разговор за брак, додека на некои дружењето со венчани парови или одењето на венчавки предизвикува проблеми и создава анксиозност.
Што ја предизвикува?
Постојат повеќе причини зошто доаѓа до гамофобија, а најчесто се работи за спој од негативни искуства од минатото и надворешни фактори, како траума од некоја претходна врска која не завршила најдобро или завршила со развод.
Може да биде и од преземено однесување од родители кои немале среќен брак.
Мите Јаначков