Растение што може да внесе благосостојба и добра енергија во домот

Објавено на 30 ноември, 2020 во 17:23

 japonskodrvo fin

30.11.2020

Ако сакате да го наполните вашиот дом со убава енергија, а притоа да го наполните и паричникот, направете место за една прекрасна красула.

Покрај тоа што привлекува среќа, ова растение е многу декоративно, а исто така го прочистува и воздухот, па затоа е добро да го имате во просторијата каде го поминувате поголемиот дел од времето.

Јапонско дрво, дрво на парите, красула се само дел од имиња на ова растение чие латинско име е Crassula ovata. Можете исто така да ги слушнете имињата како жад растение или жад дрво, а по потекло е од Јужна Африка. Има густи, месести листови што личат на монети, па оттаму и верувањето дека тие ливчиња ќе ви донесат многу пари .

Според фенг шуи, се верува дека ова растение може да внесе благосостојба и добра енергија во куќата.

Ако сакате да го наполните вашиот дом со убава енергија и да го наполните паричникот, одберете класула.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.