Чаша од овој сок дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања
Ако некогаш сте се двоумеле дали да уживате во сок од портокал наутро затоа што сте слушнале дека треба да ги избегнувате сите намирници што содржат шеќер, освен ако тој совет ви е од лекар, веројатно треба да го игнорирате. Излегува дека пиењето 100 отсто сок од портокал (како и други 100 отсто сокови од цитрусно овошје) всушност може да има корист за вашето здравје на повеќе начини отколку што мислите.
Регистрираните диететичари велат дека благодарение на хесперидинот, антиоксиданс кој се наоѓа во цитрусното овошје како портокалите, пиењето 100 отсто сок од портокал всушност може да го намали ризикот од срцеви заболувања, да го подобри здравјето на крвта и да го намали хроничното воспаление.
Што е хесперидин?
„Хесперидинот е растителен пигмент со антиоксидантни и антиинфламаторни својства“, вели диететичарката Ејми Гудсон. „Првенствено се наоѓа во цитрусното овошје како што се портокалите, лимоните, грејпфрутите и мандарините, како и во нивните 100 процентни сокови. Ова е важно затоа што антиоксидансите помагаат во ублажувањето на слободните радикали кои можат да предизвикаат оштетување на клетките“.
Како хесперидинот влијае на здравјето на срцето?
Според диететичарката Лорен Манакер, консумацијата на 100 отсто сок од цитрусно овошје е поврзана со помал ризик од кардиоваскуларни болести и исхемичен мозочен удар.
„Сокот од портокал содржи растителни соединенија како што се флавоноиди, кои можат да бидат поврзани со позитивни резултати за здравјето на срцето“, вели Манакер.
Одредени флавоноиди, како што е хесперидин, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни проблеми, мозочен удар и кај мажите и кај жените и го намалуваат ризикот од коронарна срцева болест кај жените во постменопауза.
Ваквите податоци се утврдени со истражување објавено во списанието „Critical Reviews in Food Science and Nutrition“.
Сок од портокал за здравје на срцето
„Едноставната навика да пиете чаша 100 отсто сок од портокал наутро може да има големо влијание врз вашето целокупно здравје“, вели Манакер. „Сè додека не пиете сокови со високи дози на додаден шеќер, бои и адитиви, директно сокот од портокал е одлична опција“, заклучи таа.