Дневен хороскоп за 04. јануари
Овен
Нечија приказна ќе ви влијае негативно на концентрацијата. Обидете да се фокусирате и да не си ја расфрлате енергијата наоколу. Бидете умерени во барањата кон саканата личност. Ќе уживате во средбата со блиските пријатели и нивното внимание. Внимавајте на исхраната.
Бик
Соработниците не го исполнуваат својот дел од обврските, што автоматски се одразува на заедничкиот успех и вашата мотивација. Покажете повеќе трпение во нечие друштво. Партнерот ќе ви ја тестира вашата емоционална наклонетост и волја на различни начини.
Близнаци
Денес ќе имате претчувство дека некој ве залажува или дека ви се провлекува добра деловна можност. Почекајте подобри услови. Ќе делувате загрижено во врска со вашиот партнер, но не се обидувајте да ја казните саканата личност. Застанете за момент и сетете се на сѐ што е убаво во врска со неа.
Рак
Повеќе не верувате во нечии повеќекратни ветувања, па ќе побарате убедливи докази или дополнителна гаранција за деловен договор. Вашиот партнер нема да биде способен да ви го пренесе сѐ она што би сакале да го чуете. За жал, ќе останете лишени од многу работи кои ви се потребни.
Лав
Не дозволувајте некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да ве условува. Бидете внимателни во комуникацијата со колегите. Некој ве нервира со своето однесување и коментари. Сѐ почесто го губите трпението пред блиска личност, но обидете се да се смирите.
Девица
Избегнувајте сомнителни околности и повнимателно анализирајте ги вашите соработници. Понекогаш има „скриени детали“ кои потешко се гледаат. Не ја разбирате доволно позицијата на партнерот во врска со еден заеднички проблем, имате впечаток дека сте на спротивни страни.
Вага
Нечија услуга има висока цена, па ќе побарате поедноставно решение или поповолна деловна опција. Некој е на ваша страна, дури и кога има различни интереси или приоритети. Се наоѓате во позитивно опкружување. Вечерва ќе уживате во омилената забава во познато друштво.
Скорпија
Треба да завршите дел од работата што сте ја започнале, дури и кога има разлики во мислењата меѓу соработниците. Ќе имате впечаток дека сите околу вас се неискрени и многу лесно ќе влегувате во конфликти со луѓето, особно со оние кои ви се понови познаници.
Стрелец
Во средбата со колегите ве очекува ново или поучно искуство. Поттикнете ја љубопитноста и креативното расположение на вашиот дух. Контролирајте ги вашите афекти и негативни страсти во вашата врска, не дозволувајте некој да ве наведе на погрешно однесување.
Јарец
Ако не ви се допаѓа нечие однесување, обидете се да ја контролирате вашата фрустрација или незадоволство. Бидете искрени во комуникацијата со саканата личност. Меѓусебната доверба е неопходна и најважна во секој однос. Фокусирајте се на поздрав начин на живот.
Водолија
Повнимателно анализирајте ги вашите соработници и нивната реакција. Понекогаш е тешко да се одреди вистинската вистина и нечии скриени намери. Избегнувајте еуфорично расположение во близина на саканата личност, на овој начин поттикнувате нови сомнежи за вашите намери.
Риби
Денес ќе биде важно да го процените најдобриот момент за деловно дејствување. Нема да можете да промените нечие мислење или одлука, но тоа не е причина да ѝ кажете навредливи зборови на саканата личност. Одвојте време за вашите драги пријатели, нивното друштво ќе ве расположи.
Дума.мк