Дневен хороскоп за 1. февруари
Овен
Партнерот нема да ја толерира вашата „одвоена реалност“ до недоглед! Себичните интереси ви го спречуваат вашиот деловен развој. Ги заборавате потребите на вашите соработници и ја правите најголемата грешка. Вие не сте сами на светот. Преиспитајте ја секоја своја постапка.
Бик
Вашата експлозивност не стивнува. Ги исполнувате само сопствените желби. Ви недостига емпатија. Размислете зошто сте такви какви што сте. За да можете да најдете нешто, прво мора да знаете што барате. Целта мора да ви биде јасна за да можете воопшто да се движите кон неа.
Близнаци
Се слушате само себеси. Сè правите на своја рака. Зборот договор не важи за вас. Сфаќате дека сте живееле во илузија кога станува збор за некој од блиските во вашиот живот. Тоа што сте измамени тешко го поднесувате, но самите сте придонеле за да дојде до тоа. Сѐ е во знакот на илузиите и слабоста.
Рак
Соработниците бараат совет и помош од вас, ви се доверуваат, а вие се разбира ги чувате нивните тајни до последен здив. Но, во еден даден момент ќе почнете да се прашувате дали и колку сето ова се исплати. Некој од вашите колеги ќе сака да ви ја одземе титулата која вам ви припаѓа. Тоа посебно ќе ве вознемири и ќе поттикне прашања во вас.
Лав
И покрај тоа што желбата за љубов е присутна, вие сѐ ќе сведете само на фантазија, освен ако не сте ја нашле љубовта на својот живот. Мора да бидете објективни кога станува збор за вашето однесување. Ви значи да остварите добар впечаток пред соработниците, иако мислењето за вас на неколку наврати било доведено во прашање.
Девица
Попрактични сте од вообичаеното. Се помирувате со маните на партнерот, го земате од него само она што може да ви го даде. Нема потреба да ги преувеличувате потребите во однос со саканата личност.На светот околу себе пристапете му на најдобар начин со желба да извлечете максимум. Финансиската ситуација се подобрува.
Вага
Доколку физички сте раздвоени од партнерот, во мислите сте заедно. Планирате што ќе му кажете кога ќе се видите, но подобро е да преминете од зборови на дела. Повеќе ви одговараат вербални и ментални активности отколку физички. Избегнувајте ги караниците со партнерот, бидејќи нема ништо да постигнете со тоа.
Скорпија
Денес сте хиперактивни. Мора да завршите многу обврски, немојте никого да обвинувате, сами си ги зададовте. Слободните моменти поминете ги во друштво на саканата личност. На емотивно поле, не покажувате доволно разбирање за партнерот. Како и да е, во добро расположение сте.
Јарец
Потрудете се да ги смирите нервите и да не наседнувате на провокации отстрана. Избегнувајте расправии од големи размери. И така не ви цветаат рози, само уште тоа ви недостасува. Потребно е понекогаш да покажете и тимска соработка, за да бидете подобро прифатени. Ќе бидете во ситуација да склучувате нови познанства.
Стрелец
Ви се појавува желбата за дружење и анализирање на ситуацијата. Вашето расположение ќе влијае врз околината. Исходот е повеќе од задоволувачки. Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози.
Водолија
Пред вас е доста успешен ден, особено ако се занимаваат со интелектуална работа. Но, штом ќе се соочите со суровата вистина, настануваат проблеми. Важно ви е да ги завршите планираните обврски во одредениот рок. Во љубовниот живот изгледате доста промислено и трезно.
Риби
Прекрасно се чувствувате, но и не може поинаку кога живеете во облаци. Тешко ќе ви биде кога ќе се спуштите на земја и ќе ги сфатите своите вистински можности. Засега од животот треба да го земете максимумот и да не се оптоварувате со она што ќе биде. Ќе воспоставите добра емотивна контрола на новите случувања.