Дневен хороскоп за 15. декември
Овен
Некој ги оспорува вашите идеи и влијанието кое го имате во деловните кругови. Сепак, вие сте одличен работник и ќе најдете начин како да ги надминете овие проблеми. Изненадете ја вашата сакана личност на некој необичен начин. Со малку фантазија ќе доживеете многу страст.
Бик
Ќе добиете одлична прилика за да ги потврдите своите професионални способности. За да го направите тоа, ќе ви бидат потребни повеќе информации за можноста која ќе ви се нуди. Ќе бидете загрижени за животната состојба на една ваша блиска личност. Бидете тука за неа.
Близнаци
Денеска ќе имате чувство дека ви недостасуваат пари, па затоа многумина од Близнаците ќе побараат пари на заем. Во оваа ситуација, вие ќе дознаете кои се вашите верни пријатели. Размислете на кој начин ќе им се оддолжите. Вечерните часови ќе бидат многу поволни за интимни моменти.
Рак
Уморот, лошата концентрација и расеаноста ќе бидат причина денес да си дадете мала оддишка. Едноставно, некои денови се за помалку работа, а повеќе одмор. Посветете го своето внимание на вашето семејство. Соберете ги вашите најдраги луѓе и подгответе им вкусна вечера.
Лав
Лавови, денес вашето его ќе биде апсолутно исполнето бидејќи сите околу вас ќе направат да се чувствувате кралски. Понесени од тоа, ќе добиете инспирација да ја исконтактирате личноста која ви се допаѓа и самоуверено да ја поканите на состанок. Ќе се покаете ако не го направите тоа.
Девица
Останете доследни и не се откажувајте од своите замисли. Вашата храброст ќе ви донесе голем успех на работа. Не ги слушајте злонамерните коментари на љубоморните колеги. Љубовта и поддршката од саканите ќе ви даде „ветер во грб“ да издржите пред сите денешни предизвици.
Вага
Денешната деловна клима нема да ви биде пријатна, па најдобро е да ги преместите сите планови за некој друг ден. Но, ако ви е за утеха, тоа ќе биде едно големо „затишје пред бура“. Бидете трпеливи. Време да ги симнете розовите очила и да ги видите „црвените знаменца“ кај вашиот партнер.
Скорпија
Имате многу дилеми, па затоа не се срамете да побарате совет од вашиот претпоставен. Ќе добиете одлични насоки, кои ќе ве однесат во вистински правец. Вашиот партнер ќе биде многу вознемирен, а неговата анксиозност ќе ви ја пренесе и вам. Сепак, имајте разбирање и дајте му поддршка.
Стрелец
Иако овој месец е ваш и голем дел од Стрелците го прославуваат роденденот токму во декември, вие ќе имате чувство дека ништо не се случува. Обидете се да ја разбиете апатијата со празнични филмови или со посета на некој божиќен базар. Во текот на попладневните часови, затворете се во кујната и згответе некој интересен оброк.
Јарец
Вие сте многу самоуверени кога станува збор за вашето деловно расудување. Свесни сте дека можете да успеете сѐ што сакате и ништо не може да ве сопре. Кога станува збор за љубовта, вашиот партнер има големи очекувања, но и тоа ќе успеете успешно да го средите.
Водолија
Потребен ви е добар деловен партнер за да ги демонстрирате своите интелектуални и практични способности. Пред вас е романтичен состанок со личност која нема да ве освои на прв поглед, но не се откажувајте – некои односи се развиваат со текот на времето. А, таквите љубови се најубави.
Риби
Денес ќе добиете позитивен одговор на некое ваше барање, а можеби ќе добиете и одредено признание за вашата работа. Сепак, не си го уништувајте денот со импулсивна реакција на нечија злонамерна провокација. Фокусирајте се на убавото и уживајте во овој празничен период. Животот е убав.