Дневен хороскоп за 20. декември

Овен
Денес ќе ѝ делувате позитивно на околината и ќе очекувате убави вести од соработниците. Ќе имате одлична проценка на ситуацијата и ќе доживеете успех. На љубовно поле, бидете внимателни со зборовите кои ги изговарате. Кога јазикот е побрз од умот, зборот е смртоносен куршум.
Бик
За жал, ќе бидете разочарани од нечие однесување на работното место. Нема причина да донесувате избрзани одлуки, спасете ја вашата деловна позиција. Не се двоумете да излезете на романтичен состанок со личноста која има симпатии кон вас. Ќе бидете пријатно изненадени од нејзината маркантна харизма.
Близнаци
Некој ќе ви наметне работни обврски кои не се ваша задача. Избегнувајте јавни дискусии и ситуации за кои знаете дека ќе ве заморат. Не се сомневајте во зборовите на вашиот партнер, ќе се покаете ако имате избрзана реакција. Смирено разговарајте и поработете на вашиот однос.
Рак
Ракови, вие сте апсолутни ѕвезди на предновогодишните забави. Вашите колеги се фасцинирани од вашата појава и сите очи се вперени во вас. Сепак, постои веројатност дека вашиот емотивен партнер ќе биде љубоморен на вниманието кое го добивате во последно време. Издржете ја „бурата“.
Лав
Длабоко во себе знаете дека сте најдобри во сѐ, без конкуренција. Затоа коментарите на „обичните смртници“ не ви се важни. Сѐ што треба да направите е да се фокусирате на своите обврски. Имате претчувство дека некоја личност интензивно размислува за вас. Во право сте.
Девица
Иако сте перфекционисти и никогаш не грешите во проценката на нештата, денес ќе имате тенденција да правите погрешни чекори бидејќи концентрацијата ќе ви биде на ниско ниво. Денес ќе имате обид да стапите во контакт со личност која ви се допаѓа, но нема да добиете убав одговор на вашата порака.
Вага
Иако сте вредни и настојчиви кога станува збор за вашите деловни замисли, денес нема да доживеете некој посебен успех. Не ги премолчувајте работите пред вашиот партнер, тој тоа ќе го доживее како неискреност и ќе ја изгуби довербата во вас. Време е да се опуштите со активност која ја сакате.
Скорпија
Денес е вашиот среќен ден – сѐ што ќе замислите, ќе стане реалност. Претворете се во уво и послушајте ги советите од вашите повозрасни колеги. Вие сте познати по вашите интензивни чувства, па не се обидувајте да ги потиснете. Една личност би дала сѐ за да ја добие вашата љубов.
Стрелец
Време е да седнете и да направите список со задачи кои ви се приоритетни. Имате чувство дека сте изгубени во морето обврски и дека ви треба мал водич. Сепак, на крајот од денот, вашата сакана личност е тука за да ве потсети дека сѐ ќе биде во ред. Убавиот збор и топлата прегратка лечи сѐ.
Јарец
Упорно се обидувате да го наметнете своето влијание пред колегите. Признајте си дека претерувате и дека е време да направите чекор назад. Ако продолжите вака, ќе станете „најлош колега на годината“. Ако имате впечаток дека вашиот партнер не е за вас, размислете за раскинување на врската.
Водолија
Иако сакате да бидете, вие не сте суперхерој и не можете да ги понесете сите тежини на свој грб. Побарајте помош од колегите кои ја искористуваат вашата добра волја. Почнува да ве иритира што вашиот партнер ги игнорира вашите потреби и што не ви обрнува внимание како порано. Прашајте го на што се должи тоа.
Риба
Ако вашите интереси не се совпаѓаат со оние на останатите колеги, не прифаќајте компромиси. Ќе доживеете голема штета ако го направите тоа. Не играјте „двојна улога“ во односот со партнерот. Упорно се обидувате да сокриете некои работи од него – тоа не е добро и самите го знаете тоа.
