Дневен хороскоп за 21. декември
Овен
Не дозволувајте некој да се сомнева во вашето знаење или професионални способности. Останете свои на своето и работете онака како што знаете – најдобро. Денес ќе бидете особено горделиви во разговорот со вашиот партнер и нема да му дозволите да доминира над вас.
Бик
Денес ќе бидете мотивирани да биде подобри од останатите колеги, па ќе дадете сѐ од себе да имате најголем успех. Кога станува збор за односот со партнерот, нема причина да ги преувеличувате вашите потреби. Не можете лесно да промените нечија волја и мислење.
Близнаци
Упорно барате излез од комплицирани ситуации, но некој ве оптоварува со разни барања. Не смеете да трпите психичко малтретирање на работното место. Избегнувајте љубоморни сцени. Покажете ѝ на вашата сакана личност дека имате слични потреби и дека се наоѓате на иста бранова должина.
Рак
Обрнете внимание на информациите кои ќе стигнат до вас. Тие ќе бидат добро предупредување за замката која некој ќе се обиде да ви ја постави. Љубомората на партнерот ќе стане сѐ понеподнослива, па ќе дојдете до моментот – да се биде или не. Ако постои љубов, заедничката психотерапија е добра идеја.
Лав
Кој е најдобар во канцеларијата? Па, секако – Лавот. Но, мора да намалите со нагласувањето на личните способности и време е да покажете доза (па, макар и мала) скромност. Што се однесува до љубовта, вашата сакана личност е луда по вас и не може да ги тргне очите од вашата прекрасна појава.
Девица
Останете дискретни и не ги споделувајте вашите ставови во врска со случувањата во канцеларијата. Некој од вашите колеги едвај чека да ве издаде на претпоставените. Немајте големи очекувања во врска со личноста која неодамна сте ја запознале. Нетипочно за вас – пребргу се заљубувате.
Вага
Астролошките позиции на планетите ќе имаат силно влијание врз вашата ментална состојба. Иако ќе доживеете деловни несогласувања, нема да ви пречат негативните коментари. Не дозволувајте вашата сакана личност да се чувствува запоставено. Одвојте време и смислете убав романтичен состанок.
Скорпија
Денес ќе имате голем број интересни средби. Направете сѐ што е потребно за да го искомбинирате убавото со корисното. Вашата сакана личност ќе има големи барања од вас, но вие ќе знаете како да ѝ удоволите. Бидете креативни и смислете идеи за забавни активности во спалната соба.
Стрелец
Делувате нетактично кога работите со соработниците и упорно се обидувате да ги наметнете своите ставови. Бидете смирени и оставете ги луѓето да функционираат според нивните правила. Залудно размислувате за возбудлив состанок или за погрешна личност која не е во вашиот емотивен опсег.
Јарец
Поттикнете ја вашата креативна љубопитност и фокусирајте се на оние нешта кои ве исполнуваат. Имате деловен успех, но ви недостасува забава во целиот процес. Бидете повнимателни во изборот на емотивниот парнтер, постои веројатност дека ќе доживеете неверство.
Водолија
Избегнувајте непотребни обврски кои психофизички ве исцрпуваат. Размислете двапати пред да стапите во контакт со личност од која ќе треба да побарате одредена услуга. Делувате премногу вознемирено, носите погрешни одлуки и упорно инсистирате на работи кои ја уништуваат вашата врска со партнерот.
Риба
Дистанцирајте се од случувањата кои ја нарушуваат вашата концентрација на работното место. Секогаш постои и погрда страна на нештата, затоа не бидете во заблуда дека емотивните проблеми ќе се решат самите. Време е да разговарате за сите работи кои ви пречат во односот со саканата личност.