Дневен хороскоп за 6. август
Овен
На емотивно поле, со партнерот ќе имате заедничка вечера, на која по којзнае кој пат ќе почувствувате дека љубовта оди преку желудникот. Ќе ви биде убаво. На деловно поле, сѐ што ќе работите денеска , ќе содржи јасна порака дека вашето влијание е неприкосновено. Со задоволство ќе соработуваат.
Бик
Скромноста и едноставноста се ваши особини кои ги имате, а кои ќе бидат пресудни за потенцијалните партнери. Вашата желба за патување на егзотични дестинации ќе биде се поблиску до својата цел, бидејќи ве очекува зголемување на платата.
Близнаци
Бидете природни и шармантни пред саканата личност. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот. Работата е во центарот на вниманието, ќе бидете посветени на реализација на вашите идеи и доколку е потребно, ќе преземете и одредени ризици.
Рак
Некој пријател ќе побара помош од вас. Време е да обрнете внимание на проблемот и да се обидете да помогнете или барем да дадете совет. На љубовно поле бидете помалку сериозни, намалете ја драмата и уживајте во моментот.
Лав
Денес ќе бидете промовирани на работа, на начин кој отсекогаш сте го посакувале. Со крената глава ќе ги прифатите овациите од соработниците и надредените. Резултатите ќе ги надминат вашите очекувања.
Девица
Личноста што ја познавате преку работа или преку заеднички пријатели ќе открие нешто што се обидувавте да го скриете. Оние кои се незадоволни од својата работа и сметаат дека веќе нема простор за подобрување, треба да го истражат пазарот и да бидат мотивирани да бараат што ќе им одговара повеќе.
Вага
Ѕвездите ве советуваат да го слушате срцето, наместо да се воздржувате, да размислувате за последиците и да се грижите што ќе мислат другите луѓе за вас. Ако ви се допаѓа некој на работа, пронајдете суптилен начин да му го ставите тоа до знаење.
Скорпија
Денес трпеливоста е за претпочитање. Во неколку наврати ќе се чувствувате дека многу ќе избувнете, но ќе успеете да ги надвладеете силните емоции и ќе зрачите со смиреност.
Стрелец
Денес ќе сакате да им помагате на другите, а токму ова ќе ви помогне да заборавите на сите ваши грижи. На работното место не брзајте со почнување нов проект и добро размислете што треба да завршите најпрво.
Јарец
Максимално ќе ве привлекуваат елоквентни личности, кои умеат да ви се протнат под кожата. Љубезните зборови и ласкањата ќе ви го растреперуваат срцето, па внимавајте кому ќе му дозволите да ви се приближи.
Водолија
Немојте да го губите оптимизмот ако западнете во финансиски неволји, не е крај на светот. Решението ви е на дофат на рацете, затоа уште малку стрпете се и во меѓувреме пронајдете го најдобриот начин за заштеда
Риби
Можете да се надевате на исплатата што сте ја очекувале. Вашиот труд дефинитивно се цени и затоа е награден. Во љубовта ве очекува стабилен ден покрај саканото лице.