Домашен сладолед од праски, наједноставниот рецепт за највкусното уживање!
Објавено на 27 јуни, 2022 во 10:45
Ако има нешто што може да ве разлади, кога ќе дојдат големите летни горештини, тоа е домашниот сладолед од праска, кој можете да го направите на следниот начин:
СОСТОЈКИ:
две чаши сецкани праски
чаша шеќер
две шолји слатка павлака
чаша полномасно млеко
половина лажичка екстракт од ванила
ПОДГОТОВКА:
Сецканите праски измешајте ги со половина шолја шеќер, оставете ги да отстојат 15 минути, па измешајте во блендер. Се префрлаат во пластичен сад, се додаваат слатката павлака, млекото, преостанатиот шеќер и екстрактот од ванила и се мешаат со миксер додека не се добие еднолична кремаста смеса. Ставете го во замрзнувач да се олади и да се стегне сладоледот, па послужете.