Големо откритие на научниците: Балканот некогаш бил посебен континент
Балканот и Анадолија некогаш формирале единствен континент, кој постоел пред околу 40 милиони години.
Балкандолија, како што се нарекува заборавениот континент, се наоѓал меѓу Европа, Африка и Азија и бил мост за цицачите од Азија до Европа, тврди група научници во новата студија објавена во списанието „Earth Science Review“.
Кога нивото на морето паднало пред околу 34 милиони години, Балканот служел како мост за животните да мигрираат во јужна Европа, пред голем број цицачи во Западна Европа да исчезнат за време на еоценот за време на ерата на истребување, според студијата на научниците која ја предводи палеогеологот Алексис Лихт од Европскиот центар за еколошки геонауки, кој е и професор на Универзитетот во Вашингтон во САД.
Научниците своите тврдења ги темелат на фосилите пронајдени на Балканот, кои покажуваат дека животните емигрирале од Азија пет до 10 милиони години пред да се случи истребувањето во Европа.
Тие користеле податоци за фосили од Балканот и Анадолија, споредувајќи ги со најновите сознанија за геолошката историја и ги реконструирале палеогеографските промени во регионот.
Откриле дека Балканадолија во еден момент, од независен континент, станала „земен мост“ кога се споила со континенталниот дел на Европа, пишува „Science Alert“.
“A team of French, American and Turkish paleontologists and geologists led by CNRS researchers1 has discovered the existence of a forgotten continent they have dubbed Balkanatolia, which today covers the present-day Balkans and Anatolia”https://t.co/qTZklcnI4K pic.twitter.com/WOKfKX2EzY
— Nrken19 (@nrken19) February 22, 2022
Пред околу 50 милиони години, Балканот бил одделен од другите континенти и имал свој жив свет, кој се разликувал од Европа и Азија.
Комбинација од опаѓање на нивото на морето, пораст на мразот на Антарктикот и тектонски потреси го поврзале Балканот со другите континенти пред 40 до 34 милиони години, се вели во студијата.
Ова им овозможило на цицачите од Азија, како што се глодарите и копитарите, да дојдат на Балканот, а потоа и во Европа, покажуваат фосилните истражувања.
Меѓу фосилите, научниците откриле животно слично на носорог пронајдено во Турција, кое живеело пред 38 до 35 милиони години, што значи дека животните од Азија пристигнале на Балканот и Европа пред големото истребување.
Пенетрацијата низ Балканската долина била многу полесна за животните, бидејќи патот низ Централна Азија бил многу потежок поради условите на пустината и мразот во некои делови.