Што сте во индијанскиот хороскоп?

Објавено на 31 октомври, 2014 во 10:20

Американските домородци секогаш се труделе да бидат во склад со природата и нејзините промени. Во индијанскиот хороскоп знаците се врзани со животни, чии карактеристики и начин на живот се симболизирање и на човечките особини. Дознајте кое животно сте вие, односно вашиот хороскопски знак на кое животно припаѓа и кои се вашите обележја.

Кафеава мечка – Девица

Карактеристика : практичност. Кафеавата мечка е срамежливо и нежно суштество. Луѓето родени во тој знак најдобро се чувствуваат во организираното животно опкружување кое е предвидливо и над кое можат да имаат контрола.

Гуска – Јарец

Карактеристика : упорност. Особите родени во знакот на гуска имаат изразено чувство за конкуренција. Имаат големи планови и со својата упорност полена но сигурно стигнуваат далеку. Нивното мото е: Тивка вода брегот го рони”.

Видра – Водолија

Карактеристика: креативност. Овие особи ги карактеризира исклучителна интелектуална симулација бидејки се  со слободен дух и имаат сјајни вербални вештини.

Сокол – Овен

Карактеристика: динамичност. Соколот е тешко да го скротите бидејки тој е симбол за слобода и независност. Луѓето родени во тој зџнак секогаш се спремни за акција и чезнеат за авантури.

Дабар – Бик

Карактеристика: конзистентност. Поради своите потреби за сигурност, дабарот симболизира зависност и комфорт. Дабарите се исто така упорни, стабилни и издржливи.

Елен – Близнаци

Карактеристика: сила. Елените се немирни и неуморни, па особите во овој знак даваат впечаток на интелигентни луѓе кои секогаш се надеваат да можат да променат некои работи.

Клукајдрвец – Рак

Карактеристика: чувствителност. Особите родени во знакот на клукајдрвец бараат сигурност и заштита. Често се загрижуваат поради својата изразена осетливост према околината.

Лосос – Лав

Карактеристика: самодоверба. Лососовата внатрешна сила и страст ја дава на луѓето родени во овој знак и моќ да ги превладува сите тешкотии со достоинство.

Був – Стрелец

Карактеристика: мудрост. Овие особи ги одбележува спонтаност, ентузијазам и идеализам. Тие гледаат подалекусежно и тежат кон духовност.

Гавран – Вага

Карактеристика: дипломатство. Тие поседуваат голема сила која им дозволува да се носат со повеќето за се. Прилично се социјализирани и пријателски настроени, па затоа ретко се сами.

Змија – Шкорпија

Карактеристика: преживување. Во многу култури змијата се цени и се смета како заштитник на животните мистерии. Особите во овој знак имаат добра способност за пресудување и интуиција, па се експерти за човековата душа.

Волк – Риби

Карактеристика: лојалност. Иако се чини дека волкот е многу моќен, тој исто така е и плашлив и внимателен. Особите родени во овој знак се чувствителни и исклучително лојални.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.