Јапонско јаболко: За подобар имунитет, доволни се три на ден

Објавено на 30 јули, 2021 во 13:53

Јапонското јаболко, познато и како рајско јаболко, е дрво што стасало на Балканот на почетокот од минатиот век. Ова портокалово доцно есенско овошје припаѓа во семејството абоноси и е богат извор на витамини. Во таа смисла содржи висок процент витамин Ц и бетакаротен што го става во групата овошја кои се корисни за имунолошкиот систем.

Исто така е познато дека содржи витамини од групата Б, како и витамини Ф, П, ПП и глутаминска киселина. Интересен е фактот дека јапонското јаболко е овошје со висок процент на танини, поради што првично се сметало дека не е соодветно за консумација. Но, подоцна тој мит е откриен.

Друг интересен факт за ова овошје е дека корисните својства им се сочувуваат до температури од минус 20 степени. Богати се со пектини, шеќери, јод, ликопен, што ги прави моќни антиоксиданси. На ден доволно е да се јадат до три јапонски јаболка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.