Кои грицки можете да ги јадете колку што сакате?
Една од најздравите и најмалку калорични грицки се пуканките, но секако оние кои не се подготвуваат со топено сирење или прекриени со путер.
Можете да ги подготвите на само капка масло со малку сол. Покрај тоа, тие се добри за варење бидејќи содржат многу влакна. Ако сепак ви треба малку вкус, додадете лут зачин како бибер или лута пиперка. Тие се добри и за телото, го спречуваат воспалението и го забрзуваат метаболизмот. Но, не претерувајте со зачините, пишува „Вечерњи лист“.
Тиквички
Кога велиме тиквички, мислиме на карпачо од тиквички. Лесно се подготвува и може да се јаде буквално во неограничени количини. Ќе ви треба остар нож. Тиквичките исечкајте ги на тенки парчиња и прелијте ги со сок од лимон и оставете ги да отстојат. Лимонот е добар бидејќи ги раствора мастите во телото. Потоа додадете неколку капки маслиново масло, сол и бибер.
Кисели краставички
Дали знаевте дека околу 200 грама кисели краставички имаат само 16 калории? Краставиците се препорачуваат во речиси сите видови исхрана и диети, а добри се затоа што одлично одат со речиси се.
Чипс од кељ
Не звучи многу привлечно, но е вкусно. Тоа е здрава замена за обичниот чипс. Направете го тоа така што ќе ги исчистите листовите од густите стебла и ќе ги исечете на мали парчиња. Зачинете со сол и премачкајте со малку масло. Печете десет минути.
Јаткасти плодови
Најдобар избор се бадемите, оревите и лешниците. Цела рака од нив ќе ве засити, а во комбинација со суво овошје стануваат неодолив деликатес.