Лесни и интересни: Како од обична јакна да направите одлична комбинација за забава
Блејзерот е дел од секојдневието, го носиме на фармерки, но и фустани и разни канцелариски комбинации. Во продолжение неколку лесни комбинации.
Класичната јакна има голем моден потенцијал надвор од светот на деловната облека. Златниот накит и тесните панталони ќе и дадат посебен шмек.
Големото здолниште од тул е совршено како посебен детал од свечена комбинација.
Ѓерданите и нараквиците во стилот на синџири ќе го омекнат секој крој што доаѓа од светот на канцелариските класици.
Додајте раскошна свилена кошула со голема машна.
Црната силуета станува динамична со елеганцијата на снежно белата боја.
За домашна забава одлична ќе биде комбинацијата од свилен фустан и класична јакна која им пркоси на трендовите.
Маичките и деталите од тантела се дел од стилот кој е вечно врзан за посебните моменти.