Маск со танц ја отвори првата фабрика на Тесла во Европа (Видео)
Објавено на 24 март, 2022 во 11:10
Илон Маск присуствуваше на отворањето, танцуваше и се шегуваше со вработените и обожавателите, во Германија каде што беше отворен првиот производствен погон на „Тесла“ во Европа.
„Ова е одличен ден за „Тесла“, изјави Маск пред да го поздрави отворањето како уште еден чекор кон насока на одржлива иднина.
„Тесла“ планира да вработи 12.000 луѓе во фабриката, од кои 3.000 веќе се ангажирани. Со полн капацитет, фабриката ќе произведува 500.000 автомобили годишно. Фабриката од пет милијарди евра во Германија е најголемата инвестиција за автомобили во поновата историја.