Мока оранж! Напиток кој ќе ве стопли во студените денови
Објавено на 15 февруари, 2022 во 10:50

Доколку сакате пијалок како од кафуле, тогаш ви предлагаме сами да си направите мока оранж..
Состојки:
две рамни лажици какао
30 мл врела вода
15 гр еспресо кафе
200 мл млеко
лажичка шеќер
портокал
Подготовка:
Истурете какао и топла вода во шолја и соединете ги со лажица за матење. Додадете еспресо кафе и засладувач.
Излупете го портокалот, ставете го во тенџере, прелијте го со млекото, почекајте да се загрее.
Низ цедалка сипете го млекото во шолјата и сè изматете со миксер.
Пријатно!
