На 13 години ајкула ѝ ја одгриза раката: Денес е мајка на четири деца и најдобра сурферка
Бетани Хамилтон на само 13 години преживеала напад на ајкула, по што останала без една рака, но тоа не ја спречило да ги оствари своите соништа.
Бетани денес е професионална сурферка и мајка на четири деца, а во 2010 година е вклучена во 20 најдобри женски сурфери.
Кога ајкулата ѝ ја одгризнала раката веднаш под рамото, Бетани изгубила околу 60 отсто од крвта, меѓутоа, лекарите, сепак, успеале да и го спасат животот.
Во едно од интервјуата по несреќата, Бетани изјавила дека веднаш по нападот на ајкулата се чувствувала нормално и не чувствувала болка од гризнувањето, иако се чувствувала „тапо“ на патот кон болницата.
Со оглед на тоа дека има четири деца, во една прилика зборувала и за мајчинството.
„Кога се толку мали и главите не им се стабилни, потребно им е постојано внимание, нега, менување пелени, смирување на грчевите, многу сон и секако насмевка, бакнежи и многу повеќе“, рекла таа.
Бетани им ги менува пелените на децата, учествува максимално во нивното растење и се труди сѐ да биде како што треба. Иако понекогаш е тешко и напорно, како што вели, мора да продолжи да биде позитивна.
„Ги користам моите стапала за менување пелени, многу перници за доење, носилка за бебиња цел ден и непријатни стилови на држење за да ја држам главата на бебето во вистинската положба. Понекогаш е фрустрирачко, но едноставно мора да продолжам, правам мала пауза и останувам позитивни“, напишала таа.
Како и сите, помошта и поддршката од семејството многу ѝ значат, а Бетани не крие дека во сѐ многу ѝ помагаат најблиските.
„Благодарна сум за овој живот и убавината на мајчинството. Благодарна сум на моето семејство, пријателите, сопругот и момчињата. Благодарна сум на Бог за овој прекрасен предизвик и радост“, напишала таа во една од своите објави.
Дума.мк