Наполнете го телефонот безжично преку друг телефон! Да, можно е, погледнете како да го направите тоа
Замислете неколку сценарија – имате два телефони, еден службен, еден приватен. Овој „поважен“ телефон има издишана батерија, а вие немате полнач со вас. Што сега? Или сте во друштво и некому му се снемува батеријата. Како можете да му помогнете?
Па, ако еден од овие телефони е Самсунг, постои една не толку позната карактеристика, која ви овозможува да го претворите телефонот во безжичен полнач.
Оваа функција сама по себе не е нова – Самсунг првично ја лансираше со уредите S10 – но можеби се прашувате како да го користите вашиот телефон Самсунг за полнење на паметниот часовник или Ајфон на вашиот пријател, на пример.
Работи со уреди со Qi сертифицирани, што е вообичаен стандард, па се додека уредот може да се полни преку Qi, можете да го полните со вашиот телефон.
Сè што треба да знаете погледнете во видеото на почетокот на текстот.
Корисна функција, а можеби и интересен „трик за забави“ кој ќе ги изненади вашите пријатели.