Научници од Израел пронашле јајце старо 1.000 години

Објавено на 24 јуни, 2021 во 10:31

Израелските археолози пронашле недопрено јајце, старо 1.000 години, за време на ископувањата во градот Јафни.

Археологот Ли Пери Гал вели дека ова е многу ретко откритие и во Израел и во светот, пренесува ТАСС.

„Фрагменти од лушпа од јајце секогаш се интересни да се најдат, но целото јајце е уникатен случај. Внатрешноста на лушпата, која е во одлична состојба, ќе ни овозможи да извлечеме ДНК”, додава Гал.

-Се претпоставува дека јајцето е сочувано поради условите во кое е најдено – во септичка јама која содржи мек отпад кој го сочувал. Дури и денеска јајцата ретко опстојуваат во картоните на супермаркетите. Неверојатно е што ова е старо илјада години, рече археологот Ала Нагорски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.