Научниците открија вселенска пештера

Огромната празнина во форма на шуплина опфаќа скоро 500 светлосни години и се наоѓа во просторот помеѓу со cosвездијата Персеј и Бик, а научниците немаат непосредно објаснување за неговото потекло.
Молекуларните облаци, региони во кои се формираат sвезди, именувани по тие соѕвездија, ја опкружуваат шуплината.
Сепак, интригантниот факт не им помогнал на научниците точно да утврдат како е формирана шуплината.
– Стотици sвезди се формираат или веќе постојат на површината на овој џиновски меур, шуплина… Имаме две теории, или една супернова во јадрото на овој меур го истурка гасот и формира она што го нарекуваме супер школка Персеј – Бик, или феноменот се случил во текот на милиони години со дејство на серија супернови – вели Шмуел Биали, постдокторски истражувач на Институтот за теорија и компјутери во Центарот за астрофизика, со седиште во Вирџинија, кој ја водел студијата.
Научниците шпекулираат дека молекуларните облаци на Персеј и Бик всушност не се одвоени структури во вселената, и наместо тоа, се чини дека тие настанале од истиот ударен бран, по експлозија на супернова.
– Ова покажува дека кога умира sвезда, суперновата генерира синџир на настани кои на крајот може да доведат до раѓање на нови sвезди – изјави д-р Бијали.
Истражувачите откриле празнина, или шуплина, или како што некои ја нарекуваат „вселенска пештера“, додека анализирале тродимензионални карти на облиците и големини на блиските молекуларни облаци.
Информацијата е добиена благодарение на вселенската опсерваторија лансирана од Европската вселенска агенција – Гаја.
Таа карта е голем чекор напред само по себе, тоа е прв пат молекуларните облаци да се нацртаат како три-де, бидејќи порано научниците беа ограничени на рамни слики.
– Можевме да ги набљудуваме овие облаци со децении, но никогаш не ја знаевме нивната вистинска форма, длабочина или дебелина. Исто така, не бевме сигурни до каде се облаците – рече истражувачката Кетрин Цукер, која ја водел студијата за нивното создавање, а која беше детално објаснета во специјална статија објавена во „Astrophysical Journal“.
Написот ја опишува празнината како џиновска сферична обвивка која формира sвезда, откриена во три студии и модели.
