Научниците загрижени за климатските промени, Озонската дупка над Антарктикот поголема од вообичаено

Објавено на 20 септември, 2021 во 10:33

Озонската дупка над јужната хемисфера е поголема од вообичаеното оваа година, и веќе ја надмина големината на Антарктикот, објави службата за атмосферски надзор Коперник на Европската унија.

Услугата наведува дека озонската дупка, која се појавува секоја година во текот на пролетта на јужната хемисфера, е значително зголемена во изминатите недели, пренесува АП.

-Се соочуваме со прилично голема и потенцијално длабока озонска дупка, рече шефот на Коперник, Винсент Анри Пеш.

Атмосферскиот озон ја апсорбира ултравиолетовата светлина што доаѓа од сонцето.

Неговото отсуство значи дека повеќе од ова високо-енергетско зрачење стигнува до Земјата, каде што може да им наштети на живите клетки.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.