Природен детектор за лаги!

Објавено на 22 јануари, 2013 во 09:45

Секој маж поседува природен детектор за лаги-очите, само што треба да се научи да ги користи на правилен начин. Советите од поранешниот ФБИ агент би можеле да ви помогнат.

“За да ги откриете знаците на измама, поставувајте и прашања и барајте го било кој од овие знаци. Тоа се биолошки трикови кои постојат благодарение на инстинктот за преживување и потребата да се заштити себеси”, вели Џо Наваро – поранешен ФБИ агент и професионалец за невербална комуникација.

Притиснати усни

Ако усните и се стиснати и се наоѓаат во положба како да сака да ве бакне, тоа е знак на стрес.

“Овој гест се користи многу оддамна, а наследен ни е од мајмуните”.

Го собира носот

Замислите некој да ви турка порција со нешто одваратно под носот: Ќе направите гримаси и ќе го соберете. Па, луѓето реагираат на ист начин кога ќе се сретнат со нешто непријатно, кое погодува директно во нервот.

Допири по вратот

Кога жената се чувствува загрозено, често го допира вратот. Тоа е физички ранлив дел од телото.

“Играњето со ланчето има исто значење, а во случајот на мажите, тоа е допирањето на краватата”, вели тој.

Ги крева рамењата

Наваро тоа го нарекува “ефект на желка”: Подигнувањето на рамењата во текот на разговорот е знак дека соговорникот не е искрен.

Ги трие очите

Ако почне да ги трие очите, таа несвесно се обидува да го блокира својот поглед.

Ова е очигледно дури и кај слепите луѓе кога лажат.

Прочистување на грлото

Доколку се закашла, тоа не докажува ништо. Но, доколку гласот и стане потенок и одговорот на прашањето го започне со прочистување на грлото, можеби нешто не е во ред.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.