Лозинки кои не треба да ги користите!
Корисниците се многу невнимателни и воопшто не се креативни кога ги смислуваат своите лозинки на Интернет.
Речиси 80% од интернет корисниците имаат ризични лозинки. Со цел за што полесно да ги запомнат своите лозинки, корисниците во нив ги користат своите лични информации и едноставни зборови кои се лесен плен за хакерите. Топ 20 најчесто користени лозинки на сите времиња, а кои дефинитивно треба да се избегнуваат се:
1. 123456
2. 12345
3. 123456789
4. Password
5. iloveyou
6. princess
7. rockyou
8. 1234567
9. 12345678
10. abc123
11. Nicole
12. Daniel
13. babygirl
14. monkey
15. Jessica
16. Lovely
17. michael
18. Ashley
19. 654321
20. qwerty
Интересен е фактот што дури 40% од сите лозинки се состои од варијации на зборот “лозинка”, а скоро 16% од корисниците го користат своето име во лозинките. Според препоракте на НАСА, компетентната лозинка треба да се состои од комбинација на големи и мали букви, броеви и специјални карактери (!%&#$)
Пет чекори за безбедни лозинки
1. Започнете со едноставна реченица од десет зборови, на пример, долгите и сложени лозинки се најсигурни и треба да се чуваат во тајност.
2. Првиот збор од реченицата претворете го во акроним (сменете го радоследот на букви од позади). На пример врата (атарв).
3. Направете лозинката да биде сложена со големи и мали букви.
4. Во зборовите додадете броеви.
5. Во лозинката додадете специјални карактери.
