Интернетот е голема енциклопедија!

Објавено на 25 јануари, 2013 во 11:58

Интернетот не служи само за забава и работа!

Интернетот е полн со можности за оние кои знаат како да ги искористат, но во морето на различни веб сајтови често и не е лесно да се пронајде нешто квалитетно каде што може да научиме нешто ново и интересно.

Веб порталот МСН издвоил неколку сајтови кои вреди нашето внимание да го потрошиме на нив, затоа што таму може да најдеме корисни совети од отварање на свој сопствен бизнис до учење на странски јазици.

1. Започнување на свој сопствен бизнис

Нјаважниот чекор по бизнис идејата  е составувањето на бизнис план кој реалистично ја покажува профитабилноста на инвестициите и служи за привлекување нанови инвеститори. Во подготовката на тој бизнис план помага сајтот BSPlans.com кој голем дел од содржините ги нуди бесплатно.

2. Веб дизајн

Вас ве нема на Интернет, баш како да не постоите!? Секоја успешна компанија денес мора да има сопствена страница, каде што може да ангажирате професионалци или сами да се обидете да се пробиете во сложениот свет на хакерите. Посетете ја LearnWebDesignOnline.com со корисни линкови на книги и видео записи, и SiteGround со импресивна збирка на туторијали. Исто така за започнување на свој сопствен сајт или блог, корисни се советите на сајтот J-Learning.org кој воедно се и бесплатни.

3. Учење на странски јазици

Сајтови за учење на јазици на Интернет има многу. Некои може да се користат само со претплата ( на пр. RosettaStone), додека на други  сајтови основите може да се користат без паричен надоместок. Ако сте заинтересирани за кинески јазик и писмо, отворете ја Chinese-Tools.com, француски може да научите на About.com, италјански на Oggi e Domani а шпански на 123TeachMe.

4. Бонтон

Emily Post Institut се занимава со продажба на книгата на тема добри манири, а на сајтот EmilyPost може да се најдат практични совети  за однесување на работа, факултет и во личниот живот.

5.Готвење

Уморни сте од храната која редовно ја готвите, а немате состојки за рецепт од готварскиот тефтер!? Отворете го сајтот FoodNetwork.com, Epicurious или RecipeSource и во пребарувачот напишете ги состојкит е кои ги имате, а самиот сајт ќе ви предложи неколку рецепти.

6. Музика, танц, филм, спорт

SoYouWanna.com, меѓу другото, дава совети за снимање на нискобуџетни филмови, на 911tabs се наоѓа збирка на ноти за свирење на различни инструменти. За спортски прашања е најдобар YouTube, каде што има забавни туторијали за учење на танцови, како на пример легендарните чекори и движења на Michael Jackson.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.