Што се случува кога некој ќе ве блокира на Фејсбук?
Фејсбук може да биде добар начин на комуницирање со пријателите и членовите од семејството, но, постојат и ситуации во кои несакате некој да ве пронајде на Фејсбук.
За таквите ситуации се користи опцијата блокирање, но, често незнаеме што точно се подразбира под оваа опција.
Еве што точно се случува кога некој ќе ве блокира:
Пребарувач – Кога некој ќе ве блокира, вашето име повеќе нема да се појавува во резултатите на пребарување кај таа личност. Ова функционира и во двата правци, исто така и вас нема да ви се појавува таа личност.
Листа на пријатели – Кога се наоѓате во нечија блок листа, таа личност неможе да ве види ни во листите на заеднички пријатели, исто како што ни вие неможе да ја видите таа личност.
Гледање на профил – Доколку некого блокирате или пак некоја личност ве блокира вас, нема да бидете во можност да го гледате профилот на таа личност. Дури и ако имате директен линк кој ве пренасочува кон тој профил, ќе ви се јави порака дека бараниот профил не е пронајден.
Фејсбук игри – Фејсбук блокирањето ги спречува многу интеракции, но не се применува на апликациите кои вклучуваат игри или настани, за такви работи блокираната личност сеуште ќе ви биде достапна.
