Зошто луѓето плачат?
Објавено: 1 февруари, 2013, во 13:57 часот
Научниците веќе со години се занимаваат со плачењето, бидејќи луѓето се единствениот вид кој имаат навика да пуштат солза кога се тажни.
Сега е откриено дека плачењето во еволуцијата е развиено како средство за комуникација за нашите чуства уште пред да настане зборувањето. Тоа го изјавува ценетиот научник и професор по неврологија, Мајкал Трибмбл.
Биолошки, солзите се потребни за белката во окото да остане здрава и да се бори против инфекции, но плачот има спротивно значење.

Тој претставува бес, среќа или некоја друга емоција, но најчесто плачеме кога сме тажни.
“Плачот од емотивни причини и плачот како одговор на естетското искуство се својствени на луѓето. Првото е поврзано со губиток и жалење, а уметничката форма е поврзана со солзи за музика, поезија и книжевност. Само мал број на луѓе плачат кога гледаат фотографии, скулптури или згради”, изјави Тримбл.
“Не би требало да се плашиме од нашите емоции, особено оние поврзани со сочуство, бидејќи способноста да чуствуваме емпатија и плачеме е основа на морал и е исклучително човечка карактеристика”, објаснува научникот.

