Мобилни телефони за неверници!

Објавено: 8 февруари, 2013, во 13:02 часот

Прељубниците во Јапонија имаат кец во ракавот кој ги штити од можни разоткривања за нивното неверство. Поточно, тие имаат телефон кој им олеснува нивните авантури да останат во тајност.

Сите тие се верни исклучиво на еден бренд – Fujitsu, телефони на преклоп од стара F Серија.

Овие таканаречени “телефони за неверство” (на јапонски “uwaki keitai”) лесно се програмираат за да прикријат повици и пораки од поедничени контакти.

Да го имаше Тајгер Вудс овој телефон, немаше да падне во неволја” – изјави еден јапонски аналитичар.

Но, смартфоните ја окупираа Јапонија, како и останатиот дел од светот, па Fujitsu сега додава нова опција за приватност на своите нови линии.

Како и F серијата, овој телефон го предупредува корисникот на промената во бојата на антената или батеријата, наместо ѕвонење. Единствен проблем е тоа што за сето ова е потребна посебна апликација.

Слична апликација направил и американскиот претприемач Нил Десаи и ја нарекол “Call or Text eraser”. Таа е спуштена повеќе од 10.000 пати, но и сам изјавил дека му се поклонува на F серијата.

Тоа е погенијално од мојата апликација” – изјавил Нил.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.