Видео: Тастатура за миење!

Објавено на 30 март, 2013 во 12:19

Да не се лажеме, оваа „Logitech Washable Keyboard K310“ најнапред е наменета за работните простории подложни на прашина, а има тенок дизајн и цврста конструкција, додекапак, дополнителната опрема ја сочинуваат само неколку функционални копчиња.

Главната предност на оваа тастатура над останатите, како што и самиот назив ни открива, можноста за нејзино миење во вода. Корисниците така може на брз начин може даги исчистат незгодните „флеки“ од истурањето на кафе или некоја друга течност или едноставно да ги снема нечистотиите од тастатурата, кои до сега ги снемуваше самоако ги извадевме сите копчиња на тастатурата.

„Logitech“ тврди дека „K310“ може да биде потопена во вода и до 30 сантиметри, додека и самиот дизајн го издржува миењето со вода. На задниот дел од тастатурата се наоѓаат отвориза исфрлање на водата и побрзо сушење, а дури и ласерски означените копчиња имаат „UV“ заштита за подобра издржливост.

Во Европа, „Logitech Washable Keyboard K310“ ќе се најде по цена од 39,99 долари.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=_H_DFeMZHng{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.