Телефонирање и без сигнал. Можно е!
Екипата која стои позади проектот Serval смислила уред со чија помош ќе можат да се вршат повици и да се праќаат пораки од смартфоните без мобилна мрежа.
Serval покрена кампања за собирање пари потребни за развој на уредот Mesh Extender кој по малку наликува на домашниот безжичен рутер.
Износот кој го бараат не е баш мал и изнесува 300.000 долари а во моментот на објавување на веста serval собрал само 8.5 илјади долари. До крајот на кампањата останаа помалку од 15 дена.
Уредот им помага на локалните ad-hoc мрежи ширење на поголема оддалеченост така што ги користат телефоните како отскочна штица за пренос на податоци од една локација до друга односно од еден до друг поврзан уред.
За ова е потребна бесплатна апликација за Андроид која може да ги поврзи блиските телефони во мрежата без потреба за модификација со која би се заобиколиле WiFi ограничувањата кои се вградени во Google OS.
Вакви мрежи би биле многу корисни за случаи на природни катастрофи и на подрачја кои имаат лоша покриеност со сигналот.
Моментално легално се користи во Америка,Канада,Австралија и Нов Зеланд.
Прототипите моментално се тестираат во дивините на Австралија и плочникот на Вашингтон а во план е праќање на поранешни модели на хуманитарни локации за да можат да се тестираат на терен.
