Смартфон за корисниците од земјите во развој

Објавено на 16 септември, 2014 во 08:21

Првиот смартфон на платформата „Android One“, верзија на оперативен систем која е прилагодена за пристапните телефони со скромни хардверски карактеритики го претстави Google.

Според првичните информации уредот би требало да чини околу 105 долари, а најнапред ќе локалните оператори ќе го понудат на индискиот пазар. Телефонот има 4.5 инчен екран,  1GB RAM, процесор на 1,3GHz и слод за две „SIM“ картички.

„Android One“ платформата ќе биде под капата на „Android“, без прилагодување на производителите на хардвер, а тоа значи и дека „Google“ ќе може директно да испорачува нови верзии на софтверот. Со тоа би требало да се избегнат ситуациите во кои корисниците на евтини телефони остануваат „заглавени“ на старите верзии на софтверот, затоа што производителите со голема брзина обезбедуваат нови верзии за оние со поскапи модели.

По Индија, „Android One“ смартфоните би требало да пристигнат во јужноазиските земји, како што се Индонезија и Филипини.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.