Дали апликациите се безбедни за вашата приватност?

Објавено на 16 септември, 2014 во 10:11

„Global Privacy Enforcement Network“,меѓународна мрежа за промовирање на приватноста на корисниците, направи истражување за приватноста на корисниците која е присутна при користењето на мобилните апликации.

Со студијата биле опфатени вкупно 1211 различни апликации, при што е утврдено дека 60 проценти од апликациите не задоволиле барем еден од тестовите за приватноста на кои биле подложени.

Oколу 30% од тестираните апликации воопшто не ги задржувале информациите кои приватните информации корисникот ги употребувал внатре во нив, а 31% од апликациите ги барале од корисниците нивните податоци без објаснување, како и за што ќе ги користат. Кај 43% од апликациите таквите информации биле тешко видливи на малите екрани на мобилните уреди.

Најчесто од корисниците се барала нивната локација, кај 32% од апликациите откривањето на локацијата било услов за превземање на мобилниот уред.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.