Невкусна шега: Ајфонот се полни во микробранова!?

Објавено на 22 септември, 2014 во 07:42

Интернет измама стигна до корисниците на интернет сервисот 4Chan. Овој сервис е познат по своите брутални шеги, сега тврдат новиот Ајфон 6 ќе може да се полни со помош на микробранова печка.

Всушност тие направиле лажен опис, во кој ја наведуваат и новата опција „wave“, со помош на која можете да ја наполните батеријата на ајФон6.

Многу корисници кои поверувале на оваа невкусна шега останаа без своите телефони. Затоа бидете внимателни и не наседнувајте на секакви приказни кои можете да ги прочитате на интернет.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.