Коронавирусот од целиот свет го собира во лименка од сок
11.02.2021
Честичките на Ковид – 19 се толку мали што целиот вирус кој во моментов циркулира низ светот би можел да се собере во лименка од Кока Кола.
Целиот коронавирус кој во моментов кружи ширум свертот би можел да се собере во една лименка од Кока Кола, пресметал британски математичар и покажал колкав проблем може да предизвика нешто што е толку мало.
Комбинирајќи ги светските податоци за бројот на новозаразени и проценката на колучеството на вирус по лице, математичарот од Универзитетот во Батх заклучил дека во светот има околу два Квинтилиони честички на коронавирусот, односно околу две милијарди милијарди.
Пресметувајќи ја големината на коронавирусот, просечно околу 100 нанометри, тој го пресметал вкупниот волумен на вирусот.
Дури и кога ќе се пресметаат и шилестите протеини на вирусот и фактот дека неговата тркалезна форма остава простор помеѓу честичките, вкупниот волумен и натаму е помал од лименка на Кока Кола од три децилитри.
– Неверојатно е кога се размислува дека сите проблеми, хаосот, тешкотиите и загубата на животи изминативе години се резултат на нешто што може да го собере во две голтки – вели математичарот.
Досега од ковид-19 починале 2.34 милиони луѓе, а од почетокот на пандемијата има 107 милиони потврдени случаи на зараза.
Мите Јаначков