Windows 9 ќе ја прекине праксата на големи ажурирањa

Објавено на 12 септември, 2014 во 10:02

Windows 9 би требало дефинитивно да донесе многу нови промени, а една од најголемите модификации треба да биде различниот пристап во поглед на ажурирањата и објавите на новите функции на оперативниот систем.

Во основа,  Windows 9 би можел да биде последен оперативен систем од  Microsoft кој користи бројка во своето име, па наместо тоа можно е да дојде до подобрување на претходните верзии со редовно ажурирање.

Windows 9 би можел да постане последно самостојно издание, а луѓето запознати со оваа проблематика порачуваат дека  Microsoft едноставно може да го нарече Windows.

Аналитичарите порачуваат дека новиот систем со ажурирње може да биде близу до она што го гледаме кај Office 365.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.