Открите го карактерот на жената преку должината и бојата на косата

Објавено на 21 септември, 2021 во 11:42

Според некои истражувања, должината и бојата на вашата коса исто така ја одредуваат вашата личност. Еве што вели вашата фризура за вас:

Кратка коса

Носат храбри жени кои многу добро знаат што сакаат од животот и врските. Жените со кратка коса се подготвени на сѐ. Оригинални се во секој сегмент и не сакаат да го следат мнозинството. Многу е тешко да се предвидат нивните постапки.

Должина на рамена

Оваа фризура ја избрираат женствени, елегантни и софистицирани луѓе. Комуникативни се, сакаат предизвици, секогаш бараат нови проекти за работа, а приватно се одлични во создавањето нови пријатели.

Долга коса

Долга коса носат трпеливи луѓе, внимателни во сѐ што прават, но и големи сонувачи. На љубовен план тие секогаш се стремат кон долги и стабилни врски, во кои се оддаваат целосно, но и не очекуваат ништо помалку од својот партнер. Кога ќе посакаат нешто, дамите со долга коса ќе направат сѐ за да стигнат до посакуваната цел, а благодарение на нивната истрајност, претежно и успеваат во тоа.

Русокоса

Вие сте многу духовита и омилена личност во општеството. Екстремно сте емотивни и мала работа е доволна за да ве доведе на раб на солзи, но вешто го криете тоа и само најблиските ви ја знаат оваа особина. Од друга страна, не сте роб на предрасуди и стереотипи.

Бринета

Вие сте исклучително отворени и корисни, секогаш на услуга на секого. Неверојатно интелигентни и перцептивни, претпочитате да го слушате вашиот внатрешен глас отколку она што другите ви го велат. Вие сте добар и исклучително сигурен слушател и често ги ставате проблемите и потребите на другите пред вашите.

Црна

Малку мистериозна, но вие сте крајно интуитивни, па лесно можете да ги „читате“ другите. Полни сте со самодоверба и крајно амбициозни, постигнувате сѐ што сте замислиле без многу мака. Мажите ве почитуваат, се грижат за вашето мислење и меѓу нив имате многу искрени пријатели.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.