Пет штетни последици по здравјето од прекумерна количина на лубеница
Покрај многубројните летни намирници кои можат да нè освежат и да ни обезбедат нутритивно богатство, лубеницата е една од најпопуларните поради својот мирис, вкус и едноставноста на консумирањето, како и достапноста на цената во екот на сезоната. Сепак, со ништо не треба да се претерува, па ниту со лубеницата.
И покрај своите извонредни придобивки, консумирањето лубеница во големи количини всушност може да му наштети на вашето тело. Еве неколку несакани ефекти ако јадеме лубеница во големи количини:
Може да предизвика дијареја
Лубеницата е одличен извор на вода и подеднакво добар извор на диетални влакна. Меѓутоа, консумирањето големи количини може да доведе до дигестивни проблеми како што се дијареја (пролив), надуеност итн. Содржи сорбитол, кој е соединение на шеќер, а поттикнува течна столица. Друга честа причина за ваквите проблеми е содржината на ликопен, пигментиран антиоксидант кој и ја дава бојата на лубеницата.
Може да го зголеми нивото на гликоза
Ако сте дијабетичар, голема е веројатноста дека премногу лубеница може значително да ви го зголеми нивото на шеќер во крвта. Иако е здрава, има висок гликемиски индекс (72).
Може да го зголеми ризикот од воспаление на црниот дроб
Луѓето кои редовно пијат алкохол треба да избегнуваат големи количини лубеница бидејќи високото ниво на ликопен може да реагира со алкохолот и дополнително да предизвика воспаление на црниот дроб. Прекумерниот оксидативен стрес на црниот дроб може да биде штетен.
Може да предизвика прекумерна хидратација или труење со вода
Труењето со вода или прекумерна хидратација е состојба кога вашето тело има вишок вода во себе, што доведува до губење на содржината на натриум. Консумирањето големи количини лубеница може да го зголеми нивото на водата во вашето тело. Ако вишокот вода не се излачува, тоа може да доведе до зголемување на волуменот на крвта, што дополнително предизвикува отекување на нозете, исцрпеност, оптоварување на бубрезите и друго. Исто така, може да доведе до губење на нивото на натриум во телото.
Може да предизвика кардиоваскуларни проблеми
Познато е дека лубеницата е одличен извор на калиум, кој е витален нутриент со бројни улоги во одржувањето на здравјето на организмот. Помага во одржување на функцијата на електролитите, го одржува нашето срце здраво и ги прави нашите коски и мускули посилни. Меѓутоа, премногу калиум може да доведе до кардиоваскуларни проблеми како што се неправилно чукање на срцето, слаб пулс итн.
Колку лубеница можете дневно да изедете?
Според нутриционистот и физиолог Ритеш Баври, „100 грама лубеница има околу 30 калории. Со оглед на тоа дека поголемиот дел од неа е вода, лесно е да се изедат дури и 500 грама, што значи дека штотуку сте изеле 150 калории. Бидејќи е лесна за желудникот, можеби нема да се чувствувате сити, поради што ќе јадете повеќе отколку што треба, а потоа ќе посегнете и по друга храна бидејќи лубеницата не ви е доволна. Исто така, има шест грама шеќер на 100 грама, така што 500 грама лубеница на крајот ќе ви донесе 30 грама шеќер. Идеално за повеќето луѓе е да изедат помеѓу 100 и 150 грама шеќер дневно од сите намирници заедно. Шеќерот од лубеницата ви ја зголемува оваа бројка.“