Посен петок: Празна пита која мора да ја пробате
Постот полека завршува, а домаќинките имаат се помалку идеи за посни јадења. Затоа за вас подготвивме рецепт за посна пита која со задоволство ќе ја подготвите и откако ќе поминат деновите на постот.
Крцкава и вкусна, празната пита ќе ве освои уште на првиот залак.
Состојки:
500 грама кори за пита
2 шола пченично брашно
2 мали лажички сол
1 пециво
2 дл зејтин
4 дл минерална вода
Подготовка:
Прво измешајте ги сите суви состојки во сад. Потоа додадете масло и минералната вода и сè убаво измешајте. Смесата треба да биде густа како палачинки.
Одделете три кори, па секоја кора премачкајте ја со лажица од смесата и завиткајте ги во ролати. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал.
Ролатите наредете ги во намрсен плех и посипете ги со кисела вода. Питата се пече во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.
Пријатно!
Дума.мк