Природен лек за кашлица: Згмечете банана и додадете ги овие две состојки
Ако страдате од хронична кашлица и бронхитис, тогаш пробајте ја оваа мешавина. Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе се ослободите од болно и воспалено грло, кашлица, па дури и проблеми со стомакот.
Состојки:
-400 мл врела вода
-2 средни банани со црни дамки
-2 лажички мед
Подготовка:
Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или лажица. Би било добро да го направите со дрвен прибор за јадење, бидејќи ќе се затемни поради металот.
Потоа ставете ги бананите во тенџере и додајте врела вода. Оставете да киснат околу половина час. Кога смесата ќе се излади, додадете мед. Важно е да го додадете последен, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги загуби своите лековити својства.
Примена, пијте 100 мл од овој пијалок четири пати на ден. Количината на состојки од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Првите резултати ќе ги видите за пет дена.