Робот ги пречекува луѓето кои одат да се тестираат за Ковид-19 во градот Далиан во Кина (ВИДЕО)

Објавено на 16 ноември, 2021 во 11:00

Хуманоидниот робот привлекол големо внимание во кинескиот град Далиан во провинцијата Лиаонинг, каде што ги насочува луѓето кои доаѓаат да се тестираат за коронавирус.

Кина во моментов бележи пораст на бројот на новозаразени, а на локацијата за собирање примероци, односно локацијата за тестирање на коронавирус има робот кој им дава инструкции на луѓето.

-Ве молиме подгответе го вашиот здравствен код и лична карта. Ајде активно да соработуваме со медицинскиот персонал, за да можеме брзо заедно да се бориме со епидемијата. Се бориме, рече роботот.

Роботот „зборува“ на локалниот дијалект, а изгледа како млада жена, кимнува со главата, прави гестови и ги движи усните.

Еден локално пренесен случај на инфекција со коронавирус е потврден во Далиан, а до вторник имало 62 потврдени инфекции и 70 асимптоматски вектори. Локалната самоуправа обезбеди бесплатно тестирање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.