Шик уникатни јаки!
Објавено: 21 декември, 2012, во 13:49 часот
Јаките се популарни од кога било досега.
Никогаш овој дел од облеката не бил доказ за индивидуален стил како што е сега. Вистински хит се кошулите со јаки украсени со нитни, мониста или кристали, но исто така и фустаните со јаки втора сезона по ред се истакнуваат со својата шик привлечност. Популарен избор: накит за на врат со изглед на јака.



