Евтини и ефикасни трикови за нега!
За да бидете негувани, нема потреба да потрошите цело богатство на скапа козметика.
Напротив, постојат многу едноставни трикови кои нема да ви го потрошат ниту времето ниту парите.
Лупење на кожата
Ако кожата ви се лупи, направете си сами пилинг од две лажици морска сол и четири лажици маслиново масло. Со кружни движења тријте ја смесата во кожата, лицето исплакнете го добро и темелно избришете се со крпа која нежно ќе ја притискате кожата. После овој третман не е потребно да се става крема за лице, затоа шѕо морската вода ефикасно ја чисти вашата кожа, а благодарение на маслиновото масло вашата кожа ќе остане долго мазна.
Подочњаци
Темните кругови под очите се навистина досадни, но не се плашете може да ги отстраните не само брзо туку и ефикасно. Ставете во замрзнувач две обични метални лажици, а после пет минути савете ги на очните капаци, лимфните жлезди од ладното ќе се опуштат и на тој начин ќе се решите од досадните темни кругови. Друго решение може да бидат два круга од јаболко кои треба да се стават врз очните капаци. Трикот е во тоа што овошната киселина која влијае на намалувањето на црнилото околу очите, а вооедно ја храни кожата со витамините A и C.
Дехидрирана кожа
Најдобра помош за дехидрираната кожа е домашна маска од мед бидеќи млечниот шеќер ја влажни кожата и ги намалува брчките. Помешајте две лажици мед со две лажици павлака. Смесата нанесете ја на лицето, по десет минути исплакнете ја кожата со топла вода и ќе изгледате свежо како никогаш досега.
Младешки тен
За убав и млад изглед на кожата треба да го знаете “beauty тертманот”. Повремено масирајте ја кожата со маслиново масло. Всушност, витамините A, C и Е кои се наоѓаат во маслиновото масло ги регенерираат клетките на кожата, ги спречуваат брчките и забрзаното стареење.
Убави нокти
За убави нокти немора да одите во козметички салон, корекциите може да ги направите и вие сами дома. Отстранете го лакот од ноктите, ако го имате , а потоа потопете ги во лимонов сок. Сокот ќе им даде свежина и цврстина на вашите нокти.
Сјајна коса
Ако сакате сјајна коса, помешајте малку оцет со вода ( во размер 1:3 ). Откако ќе ја измиете косата, исплакнете ја со оваа смеса и ладна вода, ако ви пречи мирисот на оцет, додадете неколку капки ароматично масло.ќ
Испукани усни
Доколку ве мачат испуканите усни, намачкајте ги со мед. Медот моментално ќе дејствува и ќе изгледаат многу по сочни и по нежни.
Сјајна насмевка
Сода бикербона е вистинскиот лек за вас. Се што ви треба е малку сол и сода. Со таа мешавина ги миеш забите и разликата ќе биде впечатлива, пробајте.