Направете сами лак за нокти по ваша мерка и желба!
Објавено: 9 февруари, 2013, во 11:00 часот
Неверојатно колку е лесно, а највозбудливо е што од сега ќе можете да направите нијанса каква ќе посакате.
Потребно ви е:
– Проѕирен лак
– Сенка за очи (може некоја поефтина или на која и истекол рокот на траење)
– Чечкалица
– Мал фишек од хартија
Постапка:
1. Со чечкалицата изгребете ја сенката во фина пудра без грутки за да може убаво да се измеша со лакот за нокти. Колку сенка ќе додадете зависи од тоа колку сакате да биде јака бојата. Не се плашете да мешате бои.
2. Низ фишекот од хратија истурете ја сенката во лакот и промучкајте 30 секунди (ако лакот е нов, ќе морате да отурите малку за да се направи место за сенката). И тоа е се!
Колку ќе трае лакот зависи од квалитето на безбојниот лак кој сте го користеле. Можете да користите и сенка со светки.
