Фризури од природно исушена коса!

Објавено на 30 март, 2013 во 12:40

Заборавете на фенот и погледнете ги овие фризури, сосема лесни за правење.

Фрлете ги ластичињата за коса

Без разлика дали сте поканети на вечера во отмен ресторан или на скара во двор, пуштете ја косата слободна, за да го постигнете имиџот на девојка која штотуку се вратила од плажа (без разлика што можеби најблиската плажа е на 200 километри од вас).

Направете кадрици преку ноќ

Конечно ќе ги употребите меките виклери, одамна заборавени на дното на фиоката. Французите ги викаат папилоти и со нив ќе добиете локни преку ноќ. За да направите романтични локни, откако ќе ја измиете косата, искушете ја со пешкир. Нанесете пена за обликување по целата коса, навиткајте ја со виклерите и легнете си. Утредента, треба само да ги извадите виклерите и да се исчешлате. Ако немате виклери можете да импровизирате. Земете стара маица и исечете ја во долги ленти, завиткајте ја косата околу нив и врзете ги краевите на лентите. Стар трик од времето на баба ви, ама функционира ☺.

Направете си опуштена плетенка

Пуштете ја косата целосно да се исуши, нанесете некое средство за волумен (лак, спреј, серум) и поделете ја опуштено косата на страна. Префрлете ја целата коса на таа страна каде е патецот и сплетете ја. Ако ви изгледа премногу строго, поминете со прстите низ коренот на косата, малку да ја разбушавите. На крајот,  нанесете серум за сјај.

Фатете си пунџа

За наредните неколку дена да имате коса која пристојно „се однесува“, уште додека е мокра фатете ја во висока пунџа. Нанесете крем или спреј за омекнување, навиткајте ја во круг и прицврстете ја со штипка, шнола или стегач. Косата која вака ќе се исуши ја губи „лошата“ разлетаност.

Започнете со триковите уште додека се капете

За да имате фризура која не мора да биде обликувана со фен, подготовката започнува уште во кадата. Откако ќе ја измиете, нанесете многу регенератор или маска, бидејќи колку косата е поздрава и помека, толку нејзината форма по сушењето ќе биде подобра. Дури и ако се исуши во форма која не ви се допаѓа, нанесете серум и тоа ќе ја смири.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.