Големо враќање на еспадрилите!
Објавено на 26 јуни, 2013 во 06:40
Ако сакате ова лето да бидете во тренд ќе мора да се вратите во лудите осумдесетти кога еспадрилите беа вистински хит.
Оваа платнена обувка извонредно е добра и практична за речиси секоја прилика- излети,патувања,плажа,прошетка па дури и за на работа.
Можат да се комбинираат со фармерки,фустани,сукњи,бермуди а боите и дезените оваа сезона се многу разновидни – можете да избирате еднобојни модели(црвени,сини,зелени и жолти) кои се секако најпаметна инвестиција бидејќи лесно ќе ги вклопите во гардеробата или да бидете откачени и да побарате модел со линии,панделки или шарени примероци.
Доколку ен сакате рамно модели речиси во секоја продавница можете да најдете модел со полна висока пета.
