Моќна маска која ќе ја оздрави и најоштетената коса
Објавено на 30 ноември, 2016 во 07:25
Пред да сe упатите кон фризерскиот салон обидете се да ја опоравите косата. Потстрижувањето не е секогаш единствено решение па дури и кога е во прашање премногу оштетена коса. Ви донесуваме еден едноставен и делотворен рецепт за маска за коса.
Потребно ви се: банана,две лажици мајонез,една лажица маслиново масло.
Бананата изгмечете ја,додадете ги остаанатите состојки и измешајте додека се добро не се соедини. Маската нанесете ја на косата,замотајте ја косата со пластична вреќичка или фолија ,па на крај со крпа.Оставете ја да делува еден час,потоа измијте ја со топла вода и на крај исплакнете ја на вообичаен начин.