Кој е вашиот тип на кожа?
Објавено на 24 јануари, 2017 во 07:43
Ако сте во дилема кој производ да го изберете при купување бидејќи не сте сигурни кој тип на кожа го имате ви предлагаме мали тестови кои и тоа како ќе ви бидат од помош.
Земете парче самолеплива лента и притиснете на образот околу 30 секунди. Доколку кога ќе ја извадете на неа останат лушпи вашата кожа е сува. Мешаната кожа ќе ја препознаете така што пред утринското миење марамче ќе ставете преку лице и ќе го притиснете на него.
Кожата е комбинирана ако марамчето се залепи за Т-зоната. Час подоцна по миењето,земете парче хартија притиснете го на едната страна на носот неколку секунди. Ако хартијата стане проѕирна имате мрсна кожа.