Kако најлесно да симнете шминка?
Дали некогаш ви се случило дека ви снемало средство за вадење на шминка а да немате ништо при рака ? Не грижете се ви донесуваме два рецепта за прва помош.
Вадењето на шминка е задолжително пред спиење. Некои стручњаци препорачуваат дури и еднаш во текот на денот доколку времето е топло за кожата да се исчисти и порите да останат отворени. На сите сигурно ни се случило во најнезгоден час да ни снема средства за симнување на шминка а не сме биле подготвени кожата да ја иритираме со обичен сапун и вода. Еве ви два домашни рецепти кои сигурно ги имате дома.
Млеко – е одлично за симнување на шминка.Има смирувачко дејство и нежно е кон кожата околу очите. Натопете на памук и симнете ја шминката. После тоа измијте со млака вода. За подобар ефект измешајте млеко со неколку капки бадемово масло.
Маслиново масло одмана се користи во козметиката поради своите хранливи состојки. Ставете две три капки маслиново масло на памук и симнете ги остатоците од шминката од очите и лицето. После тоа остатоците од маслото симнете ги со парче вата и измијте со млака вода.