Како да ви бидат рацете негувани и при ниски температури

Објавено: 3 февруари, 2017, во 09:28 часот

Студот и ветрот лесно ја сушат кожата поради што рацете стануваат груби.Ако не ги негувате правилно кожата на рацете ќе стане уште пооштетена и погруба.

Рацете паметат се па би требало да вложите време и труд за нивна нега. Ви откриваме неколку совети со кои вашете раце повторно ќе бидат меки и нежни.

 

Миење на рацете – Студената вода ја суши кожата па затоа рацете подобро мијте ги со млака вода. Внимателно иберете и сапун.

Крем за раце- Нанесувајте ја неколку пати на ден и секој пат по миење на рацете. Изберете мрсен хидратантен крем.

Памучни ракавици – Во речиси секоја козметичка продавница можете да ги купите.Неколку пати во неделата на рацете втријте дебел слој хидратантен крем и оставете да делува преку ноќ.

Секогаш носете ракавици – Никогаш не излегувајте надвор без ракавици бидејќи тие најдобро ќе ја заштитат кожата од студот и ветрот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.