Древен руски рецепт за отстранување на влакна од лице и тело
Решението за остранување на влакната се состои во една тајна, скриена во антички руски рецепт. Влакната, прво ќе се истргнат, а по неколку месеци целосно ќе исчезнат.
Секоја жена која се грижи за својот изглед, знае колку време може да потрае ваквиот процес со употреба на восок или бричењето кое се прави секој ден. Влакненцата на лицето на жената се особено непријатен естетски проблем.
Рецептот може да се применува еднакво за отстранување на влакната и на лицето и на телото.
Подготовка:
Соберете неколку лушпи од ореви (не кори) и кога ќе се исушат изгорете ги. Добиената пепел прелијте ја со вода така што создадената мешавина треба да изгледа како крем или паста.
Смесата се остава да отстои 12 часа, а потоа може да се нанесува на деловите од телото, од каде што се отстрануваат влкакненцата. Неопходно е постапката да се повтори неколку пати на ден (на пример 3 пати), додека не се постигне резултат. Смесата е поефикасна ако се држи по 30 минути на ден и тоа како облога.